| |

Фотоизложбата „Босилеград – некогаш и сега“ отворена во Русе, Бугарија

Фотоизложбата „Босилеград – некогаш и сега“, посветена на мотиви, пејзажи и традицијата од Босилеград и околните села, вечерва беше отворена во зградата „Доходно здание“ во Русе, Бугарија, јавува БТА.

Изложбата опфаќа вкупно 80 паноа, од кои околу 30 се претставени пред публиката во Русе.

„Фотографиите се со мотиви и пејзажи од Босилеград и неколку села во регионот. На повеќето паноа може да се види и традиционалната босилеградска народна носија“, изјави организаторот на изложбата Александар Димитров, претседател на здружението ГЛАС и дописник на БТА од Босилеград.

Според Димитров, изложбата е дело на седум професионални фотографи – Лилија Јотова, Вили Тодорова, Александар Иванов, Јордан Јорданов, Владислав Чанев, Асен Великов и Вихрен Георгиев.

Тие учествувале на првото и второто издание на фотопленерот организиран од здружението ГЛАС во Босилеград во текот на летото 2023 и 2024 година.

„Благодарни сме за поканата од Општина Русе за отворањето на изложбата. Нашето здружение има долгогодишна соработка со Општина Русе“, рече Димитров.

Паноата за изложбата се изработени со поддршка на Министерството за надворешни работи на Бугарија, преку Програмата за поддршка на организациите на бугарските заедници во странство.

Изложбата досега била претставена во Босилеград, Скопје, Букурешт, Будимпешта, Минхен, Темишвар, Ќустендил, Софија, Карлово и Старосел, а најавено е нејзино претставување и во други места во Бугарија и во странство.

Слични Објави