| |

Амбасадата на САД во Софија: Трговијата меѓу САД и Бугарија пораснала за повеќе од 40 отсто

Трговијата меѓу САД и Бугарија во изминатата година пораснала за повеќе од 40 отсто, а американските инвестиции во вештачката интелигенција, центрите за податоци, роботиката и полупроводниците се меѓу темите за натамошна економска соработка, соопшти Амбасадата на САД во Софија.

Претставници на Амбасадата учествувале на деловен појадок организиран од Американската стопанска комора во Бугарија, на кој присуствувале повеќе од 250 претставници на бизнис-секторот, институциите и дипломатската заедница.

„Трговијата меѓу САД и Бугарија во изминатата година порасна за повеќе од 40 отсто“, наведува Амбасадата.

Во фокусот на разговорите биле можностите за следната фаза од економската соработка меѓу двете земји.

„Разговорот беше насочен кон она што следува: американски инвестиции во вештачката интелигенција, центрите за податоци, роботиката и полупроводниците, надградувајќи ја нашата воспоставена соработка во одбраната, безбедноста и енергетиката“, соопшти Амбасадата на САД во Софија.

Од Амбасадата ѝ се заблагодарија на Американската стопанска комора во Бугарија за создавањето можност за отворен дијалог меѓу бизнисот и институциите.



Слични Објави