БКИЦ: Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија на 29 септември гостува на „Денови на комедијата“ во Куманово
Вечерва во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово почнува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата 2026“, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Фестивалот ќе трае до 5 октомври, а во програмата се вклучени вкупно 10 театарски трупи од Северна Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.
Бугарија на фестивалот ќе ја претставува Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија. На 29 септември театарот ќе ја изведе претставата „Кревет за двајца (тотална катастрофа)“, во режија на Калин Сарменов.
Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ годинава го одбележува своето 29. издание.

