| |

Научната дипломатија во фокусот на средбата меѓу Бугарскиот дипломатски институт и швајцарскиот амбасадор

Директорката на Бугарскиот дипломатски институт, Тања Михајлова, оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Бугарија, Пјер Хагман, на која беа разгледани можностите за идни заеднички иницијативи, проекти и продлабочување на соработката во областа на научната дипломатија, соопшти Бугарскиот дипломатски институт.

Средбата се одржа во контекст на одбележувањето 110 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Бугарија и Швајцарија.

Како што наведуваат од Бугарскиот дипломатски институт, Михајлова ги претставила главните насоки во работата на институцијата, како и дел од нејзините иницијативи и меѓународни формати во кои можат да учествуваат странски дипломати и претставници на дипломатските мисии во Софија.

Посебно внимание било посветено на можностите за поблиска соработка во областа на научната дипломатија, како и на учеството на бугарски и швајцарски дипломати во обуки, курсеви и семинари што се организираат во двете земји.

На средбата присуствувале и заменик-шефицата на мисијата на Амбасадата на Швајцарија, Теса Нерини, како и д-р Валентин Катранџиев, експерт во Дипломатскиот институт.

Слични Објави