Шест деца со физички хендикеп го искачија Црни Врв на Витоша, благодарение на иницијативата ParaKids
Шест деца со физички хендикеп успешно го искачија Црни Врв на планината Витоша во Бугарија, во рамки на иницијативата ParaKids, која по вторпат организира ваква акција со поддршка од десетици волонтери, јавува Актуално.
Искачувањето се одвивало во тешки временски услови, со студ, снег и магла, а учесниците се соочиле и со замор и физички напор на планинарската маршрута.
„Имаше студ, снег, магла, замор и моменти во кои требаше да дадеме уште малку од себе. Но имаше и многу смеа, емоции, прегратки и насмевки“, соопштија организаторите од ParaKids.
Во акцијата клучна улога имале волонтерите, кои им помагале на децата со туркање, влечење и носење на нивните колички по патеката до врвот.
Од ParaKids посочуваат дека целта на иницијативата е да покаже дека планината може да биде достапна за секого.
