Бугарските гимнастичарки во хуманитарна иницијатива за поддршка на децата и изградба на бугарска црква во Чикаго
Светската вицешампионка Стилијана Николова, европската шампионка со тимот на Бугарија Ева Брезалиева и останатите девојки од националната репрезентација во ритмичка гимнастика се приклучуваат на хуманитарна иницијатива на бугарската заедница во Чикаго, јавува БТА.
Николова и Брезалиева донираат свои маици со лични автограми за хуманитарна аукција, а националниот ансамбл се вклучува со специјална топка потпишана од девојките.
Меѓу останатите специјални предмети се „Мојата боенка – теквондо“, маица со автограм на олимпискиот вицешампион на вратило од Игрите во Атланта во 1996 година и претседател на Бугарската федерација за гимнастика, Красимир Дунев, маица од одбојкарскиот клуб Левски – шампион на Бугарија и освојувач на Купот и Суперкупот, како и маица донирана од клубот за бугарски народни танци „Бугарска китка“.
Собраните средства ќе им помогнат на децата од бугарската заедница во Чикаго да спортуваат и ќе ја поддржат изградбата на бугарска црква таму, соопштија од Бугарската федерација за ритмичка гимнастика на Фејсбук.
