| |

Петрова: Бугарија и Унгарија со заедничка визија за Европа и посилна економска соработка

Бугарија и Унгарија имаат заедничка визија за Европа и ќе работат на зајакнување на економската соработка и на поголема стабилност и просперитет, изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова при отворањето изложба во Министерството за надворешни работи заедно со унгарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Анита Орбан, јавува БГНЕС.

Изложбата е посветена на историјата на куќата-музеј „Лајош Кошут“ во Шумен и беше отворена по повод Денот на бугарско-унгарското пријателство, 19 октомври. Годинава се навршуваат десет години од прогласувањето на датумот за заеднички празник на двете земји.

„Ќе работиме заедно – како за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, така и за постигнување поголема стабилност и просперитет во Европа“, нагласи Петрова.

Според неа, разговорите со Орбан создале добра основа за поактивна соработка во различни области. Петрова посочи дека конфликтите, усложнетата безбедносна средина и економската состојба во Европа ја прават уште поважна блиската соработка со пријателските држави и остварувањето заеднички цели.

„Најчесто културата и историјата се оние делови од заедничкото минато кои навистина најтрајно ги поврзуваат народите. И токму таква е врската меѓу нас и Унгарија“, изјави Петрова.

Анита Орбан нагласи дека пријателството меѓу двете држави значи тие да можат да се потпрат една на друга во соочувањето со денешните предизвици.

„Нашето стратешко партнерство ни дава цврста основа заедно да продолжиме да се стремиме кон слобода, мир и безбедност во Европа и во светот“, изјави унгарската министерка за надворешни работи.

Орбан го истакна бугарското национално малцинство во Унгарија како силна врска меѓу двете земји и изрази задоволство што идентитетот на заедницата се зајакнува секоја година. На крајот од обраќањето таа ја покани Петрова да ја посети Унгарија.

Слични Објави