| |

Бугарскиот институт INSAIT прими делегација на NATO DIANA во Софија

Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологија (INSAIT) прими делегација на NATO DIANA во рамките на нејзината програма во Софија, поврзана со заседанието на Одборот на директори од 19 до 21 октомври, соопшти институтот.

Во делегацијата учествуваше и Мира Јосифова, заменик-министерка за иновации и дигитална трансформација на Бугарија.

Извршниот директор на INSAIT, инженер Борислав Петров, ги претстави истражувачката дејност и клучните достигнувања на институтот, нагласувајќи го неговиот придонес кон технолошкиот развој на Бугарија.

NATO DIANA, акцелераторот за иновации во одбраната на Северноатлантската алијанса, поврзува истражувачи, претприемачи, претставници на индустријата и јавни институции од сојузничките држави. Неговата цел е да го забрза развојот на иновативни технологии за справување со клучните предизвици во одбраната и безбедноста, се наведува во соопштението.

Слични Објави