| |

Стојанов: Бугарија станува членка на проектот за дронови и ќе набави противвоздушни ракети MICA за бугарските патролни бродови

На денешната седница на бугарската Влада треба да бидат донесени одлуки за два меморандума – за приклучување на Бугарија кон проект за спротивставување на закани на мала височина, вклучително и беспилотни летала, и за набавка на противвоздушни ракети MICA за бугарските патролни бродови, јавува БГНЕС.

„Денеска од страна на владата ќе биде донесена одлука за два меморандума. Едниот е за вклучување на Бугарија во таканаречениот проект за спротивставување на закани на мала височина, проект за дронови. Бугарија ќе стане членка на овој проект“, изјави министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов.

Вториот меморандум предвидува набавка на противвоздушни ракети MICA за бугарските патролни бродови.

„Продолжуваме да работиме во Министерството за одбрана на модернизацијата на бугарската армија и, соодветно, да се вклучуваме во проекти што се приспособени на современите закани“, нагласи Стојанов.

Слични Објави