ЕК со предлог за вклучување на Северна Македонија во зоната „Роаминг како дома“
Европската комисија предложи започнување преговори за вклучување на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија во зоната на ЕУ „Роаминг како дома“, соопшти Претставништвото на Европската комисија во Бугарија.
Предлогот се однесува на интегрирање на шесте партнери од Западен Балкан во зоната во која мобилните услуги при патување се користат без дополнителни роаминг-трошоци.
Во објавата се потсетува дека, покрај земјите членки на ЕУ, во оваа зона се вклучени и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Молдавија и Украина.
„Можете да разговарате, да испраќате пораки и да користите интернет без поскапување на услугите“, наведува Претставништвото на ЕК во Бугарија во објавата за користењето мобилни услуги при патување во земјите опфатени со зоната.
