| | |

(Видео) Ковачев: Човековите права, добрососедството и борбата против дискриминацијата не можат да се определуваат како „билатерални прашања“

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев побара од Европската комисија прецизно да дефинира што подразбира под изразот „билатерални прашања“, нагласувајќи дека човековите права, добрососедството и борбата против дискриминацијата не можат да се третираат како билатерални прашања.

„Човековите права, добрососедството и борбата против дискриминацијата не можат да се определуваат како ‘билатерални прашања’“, напиша Ковачев во објава на социјалната мрежа Facebook.

Тој соопшти дека од Европската комисија побарал точно објаснување за значењето на овој израз и неговата употреба во контекст на односите меѓу државите.

Бугарскиот европратеник посочи дека пред Европската комисија го покренал и прашањето за одлуката на Основниот суд во Охрид, со која беа ослободени од обвинение двајцата обвинети за физичкиот напад врз Христијан Пендиков. Ковачев ја оцени судската одлука како „брутална неправда“, кон самиот .

„Го очекувам писмениот одговор на Европската комисија“, порача Ковачев во својата објава на социјалната мрежа Facebook.

Слични Објави