Со едноминутно молчење бугарските пратеници им оддадоа почит на загинатите во вчерашните сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“
Со едноминутно молчење бугарските пратеници им оддадоа почит на загинатите во вчерашните верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, во кои животот го загубија 11 лица, а 51 беа повредени и пренесени во болници. Во сообраќајните несреќи учествуваа вкупно 86 возила.
„Вчера Бугарија се разбуди со тешка сообраќајна несреќа на автопатот ’Тракија‘. Сочувствуваме со семејствата и блиските на загинатите и се молиме за здравјето на повредените“, изјави претседателката на Народното собрание, Михаела Доцова.
„Во името на 52. Народно собрание изразувам длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите и ве молам да им оддадеме почит со едноминутно молчење.“
Денеска во Бугарија е ден на национална жалост во спомен на жртвите во сообраќајните несреќи. Знамињата на зградите на Владата, Народното собрание, претседателската институција и Бугарската народна банка се спуштени на половина копје.
