(Фото) Љупчо Ѓорѓиевски: Продолжува судскиот притисок врз бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола
Претседателот на избришаниот од Централниот регистар на Република Северна Македонија бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук соопшти дека добиле нов судски повик и дека против клубот се води уште една постапка, овојпат поврзана со Законот за спречување на корупцијата.
Како што наведува Ѓорѓиевски станува збор за продолжување на институционалниот и судскиот притисок врз клубот и неговите членови поради нивната бугарска национална самосвест.
„Уште еден судски повик, уште една постапка против нашиот клуб. Овојпат според Законот за спречување на корупцијата. Човек да се запраша за каква корупција воопшто станува збор и до каде можат да одат институциите во обидите да нè притискаат“, напиша Георгиевски.

„Ние не сме криминалци затоа што се нарекуваме Бугари. Не сме извршиле кривично дело затоа што ја почитуваме нашата историја, нашите предци и споменот за Иван Михајлов“, истакна тој.
Ѓорѓиевски порача дека судските постапки нема да ги натераат членовите на клубот да се откажат од своето национално самоопределување и правото слободно да го изразуваат.
„Можете да се обидете да затворите еден клуб, но не можете да ја избришете самосвеста на луѓето. Бевме Бугари, Бугари сме и такви ќе останеме. Бугарската национална самосвест не е кривично дело“, се наведува во објавата на Ѓорѓиевски.
