| |

Безбедноста во Црното Море и европскиот пат на Украина во фокусот на средбата Сибига–Петрова

Министрите за надворешни работи на Украина и Бугарија, Андриј Сибига и Велислава Петрова, разговараа за долгорочната безбедносна соработка, сигурноста на пловидбата во Црното Море и поддршката за пристапувањето на Украина во Европската Унија, соопшти Амбасадата на Украина во Бугарија.

Сибига ѝ се заблагодари на Бугарија за поддршката и изрази очекување за нејзино содејство во пристапните преговори.

„Благодарен сум на Бугарија што ја поддржува Украина и нашиот пат кон ЕУ. Сметаме на содејството на Бугарија за што поскоро отворање на двата преостанати преговарачки кластери“, изјави украинскиот министер.

На средбата биле разгледани заедничките напори за гарантирање на безбедноста во Црното Море и неговото одржување отворено за бродски сообраќај.

Министрите разговарале и за енергетската соработка во пресрет на зимата, во контекст на, како што наведе Сибига, продолжените руски напади врз украинскиот енергетски систем. Меѓу темите биле и развојот на инфраструктурата и транспортните врски меѓу двете земји.

„Безбедноста на Украина и Бугарија е тесно поврзана и е неразделна од безбедноста на Европа“, нагласи Сибига.

Слични Објави