Изложбата „Фантастични умови“ во Софија ги претставува успесите на бугарските ученици на научните олимпијади
Третото издание на изложбата „Фантастични умови“ ќе биде отворено денеска во 12 часот на Мостот на вљубените пред Националниот дворец на културата во Софија, соопштија организаторите, пренесува БТА. Изложбата ги претставува бугарските ученици и нивните успеси на меѓународните научни олимпијади во 2026 година.
Преку фотографиите на Костадин Крстев – Коко, посетителите ќе се запознаат со учениците, нивните ментори и поранешните олимпијци кои им ги пренесуваат знаењето и искуството на следните генерации. Годинава е предвидена и посебна „Сала на славните“, посветена на најзначајните бугарски олимписки достигнувања низ годините.
Бугарското Министерство за образование и наука објави дека, учениците годинава освоиле 106 медали на меѓународни, балкански и европски олимпијади и натпревари. „Тоа се 106 поводи за гордост“, изјави заменик-министерката Тања Панчева.
Изложбата е дел од проектот „Моите просветители“, а ја организираат Здружението на олимписките тимови по природни науки и „Фантастико груп“, во партнерство со Општина Софија, Министерството за образование и наука и Бугарската телеграфска агенција, со поддршка на bTV Media Group.
Поставката ќе биде отворена до 30 ноември.
