| |

Со 482 гајди ќе биде отворен Роженскиот собор во Бугарија

Роженскиот собор ќе се одржи од 16 до 18 јули 2027 година на Роженските ливади во Бугарија. Организаторите планираат на отворањето да прозвучат 482 гајди. Тоа беше најавено на прес-конференција во Општина Смољан, на која учествуваа градоначалникот Николај Мелемов и претседателот на фондацијата „Наследство во иднината“, Симеон Караколев, пренесува Актуално.

Караколев вели дека секоја гајда симболично ќе претставува по една од 482-те години под османлиска власт што фондацијата сака да ги одбележи. „Ќе ги повикаме сите гајдаџии од целата земја да учествуваат на свеченото отворање на „Рожен 2027“ за да прозвучат 482 гајди“, рече тој. За учесниците ќе има бесплатен превоз до Роженските ливади, а за пријавување ќе биде отворена посебна телефонска линија.

Според истражувањето што е во тек, ова ќе биде 40. издание на соборот, сметајќи од првиот за кој сведочел свештеникот Ангел Инџов, рече Караколев. Тој изрази желба соборот да се одржува секоја година. Мелемов посочи дека подготовките почнуваат порано поради сложената организација.

На последниот ден од соборот, 18 јули, ќе биде одбележана годишнината од раѓањето на Васил Левски. На 19 јули се одбележува годишнината од првата битка во која било носено Самарското знаме, а во 2027 година почнува и циклусот „150 години од ослободувањето на Бугарија од османлиска власт“.

Слични Објави