Над 2.000 ученици на отворениот ден во Третата бригадна команда во Благоевград
Третата бригадна команда во Благоевград пречека над 2.000 ученици од Благоевградската област и од Перник. Отворениот ден се одржа во пресрет на Денот на копнената војска на Бугарија, кој се одбележува на 19 ноември, и празникот на воената единица 26 400 на 20 ноември, јавува Пиринско.
Учениците имаа можност да ги разгледаат воената техника и вооружувањето. Командантот, полковник Кирил Спаневиков, истакна дека за него е важно младите да видат како војниците соработуваат и се потпираат едни на други.
„Атмосферата е многу пријатна и навистина се надевам дека ќе успееме да им ги пренесеме на сите овие млади луѓе духот и единството на нашата копнена војска“, рече Спаневиков.
На настанот присуствуваа и ветерани кои служеле во Благоевград и во регионот. Тие потсетија дека главната зграда на командата е поврзана со историјата на 14. македонски пешадиски полк, по кој е именувана и една од главните улици во градот.
