Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и здружението „Во мојот свет“ организираат творечки работилници за лица од аутистичниот спектар
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и годинава, во соработка со здружението „Во мојот свет“, организира творечки работилници за деца, млади и возрасни лица од аутистичниот спектар, вклучително и за лица со Аспергеров синдром, соопшти Центарот на својата страница на Фејсбук.
Првата работилница се одржа во првиот дневен центар за возрасни лица со аутизам во Северна Македонија, во рамките на здружението „Во мојот свет“. Дневниот центар е основан со финансиска поддршка од Бугарија преку програмата за официјална развојна помош, која ја спроведуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Амбасадата на Бугарија во Скопје.
Учесниците ја развиваат фантазијата, стекнуваат практични вештини и ја изразуваат својата креативност преку цртање, применета уметност и други активности.
„Работилниците се приспособени на индивидуалните потреби на учесниците и се одржуваат со поддршка од стручни лица и обучувачи“, се наведува во објавата.
