Бугарската Национална музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ одбележува 105 години од основањето
Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ одбележува 105 години од основањето со концерти, сценски проекти, форуми и меѓународни иницијативи во текот на целата сезона, јавува 24 часа. Најстарата високообразовна установа за професионални музичари во Бугарија е основана на 21 јули 1921 година со указ на цар Борис III.
Академијата нуди повеќе од 100 студиски насоки на различни степени на образование. На нејзините три факултети се изучуваат музичка теорија, композиција, диригирање, класична и народна инструментална и вокална музика, музичко-сценски жанрови, поп и џез.
Во рамките на Академијата работат симфониски оркестар, камерниот хор „Проф. Георги Димитров“, биг-бенд, фолклорни ансамбли и музички театар во кој се изведува практична настава. Јубилејот го одбележува и академската библиотека, која веќе 105 години собира и чува музички изданија и звучни записи.
