| |

Танцовата група „Хоротропци“ денеска организираат фолклорна вечер со бугарски традиции и танци во Калифорнија

Танцовата група „Хоротропци“ денеска, 21 ноември, организира фолклорна вечер посветена на бугарските традиции, музика и танци во театарот „Хермоса Бич комјунити театар“ во градот Хермоса Бич, во американската сојузна држава Калифорнија. Групата го најави настанот на својата страница на Фејсбук, пренесува БТА.

Програмата ќе започне во 16:30 часот по локално време, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со бугарскиот фолклор и да уживаат во народните ритми.

Организаторите подготвиле и кулинарски изненадувања, меѓу кои банички и ајран. Тие ги повикуваат посетителите да понесат готовина за да можат да купат храна и пијалаци.

„Дојдете за фолклорот, останете за емоцијата и заминете си со Бугарија во срцето!“, порачуваат од „Хоротропци“.

Слични Објави