| |

Светиот синод на Бугарската православна црква ќе назначи намесник на Ловчанската епархија

Светиот синод на Бугарската православна црква денес попладне, на 23 ноември, ќе одржи вонредна седница за да назначи намесник кој ќе раководи со Ловчанската епархија до изборот на нов митрополит. Се очекува таа должност да му биде доверена на еден од митрополитите од соседните епархии, јави БГНЕС.

Ловчанскиот митрополит Гавриил почина на 22 ноември на 76-годишна возраст по кратко боледување. Верниците ќе можат да му оддадат последна почит денес од 16 до 20 часот во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Ловеч. Погребот ќе се одржи во вторник, 24 ноември, соопшти бугарскиот патријарх Даниил.

По составувањето на списокот на кандидати, свештениците и верниците од епархијата ќе изберат двајца кандидати, а конечната одлука ќе ја донесе Светиот синод. Постапката трае околу три месеци. Се очекува новиот ловчански митрополит да биде избран на почетокот на 2027 година.

Слични Објави