Бугарското Министерство за култура ја одликува Државната агенција „Архиви“
Министерството за култура на Бугарија на 18 ноември ѝ додели грамота и плакета на Државната агенција „Архиви“ за нејзиниот придонес во зачувувањето на бугарското документарно наследство и неговото доближување до јавноста.
Признанието беше врачено од министерот за култура на Бугарија Евтим Милошев на претседателот на агенцијата доц. д-р Михаил Груев на свеченост во балската сала на Националната уметничка галерија. Признанието се доделува и по повод 75-годишнината од основањето на државните архиви во Бугарија и Денот на народните будители, кој во земјата се одбележува на 1 ноември.
