Благоевград ќе биде домаќин на меѓународниот турнир во спортска гимнастика „Љупчо Солачки“
На 27, 28 и 29 ноември спортската сала „Скаптопара“ во Благоевград ќе биде домаќин на млади гимнастичари од Бугарија и од уште шест земји – Велика Британија, Грција, Италија, Кипар, Северна Македонија и Србија, јавува Пиринско.
Турнирот за деца и јуниори е дел од календарот на Бугарската федерација за спортска гимнастика. Го организира Гимнастичкиот клуб „Љупчо Солачки“ со поддршка од Општина Благоевград.
Во текот на трите дена, жителите и посетителите на градот ќе можат да ги следат возбудливите натпревари, да уживаат во гимнастичките изведби и да ги бодрат младите натпреварувачи.
Свеченото отворање ќе се одржи во сабота, на 28 ноември, во 13 часот.
