Лебот поскапе, никаде не може да се најде под 50 денари!

/

`Ржаниот леб вчера достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот од 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси никаде веќе не може да се најде леб под 50 денари.  За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто и не застанува тука, објави Телма.

Секој понеделник, граѓаните ги чека нов ценовен шок на рафтовите, но од мелничко-пекарската индустрија се неумоливи. Високите цени ги оправдуваат со поскапувањето на енергенсите и бараат државата да им ги субвенционира компаниите со цените на електричната енергија. Во спротивно, повторно најавуваат поскапувања.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

ЈП Паркови и зеленило: Интензивно уредување на кејот на Вардар

Следна статија

Комисијата за заразни болести одржа состанок, нема нови мерки, граѓаните да носат маски на овие места

Најново од Вести