| |

Радев: Бугарија е подготвена да учествува во заемот од 45 милијарди евра за Украина

Бугарија е подготвена да учествува во новиот заем од 45 милијарди евра за поддршка на Украина, потврди во четвртокот бугарскиот премиер Румен Радев. Сепак, Бугарија нема да издвојува средства за набавка на оружје и муниција, појаснува „Евроњуз“, пренесува 24 Часа.

Бугарскиот премиер Румен Радев потврди дека земјата ќе учествува во новиот заем на Европската Унија за Украина во износ од 45 милијарди евра, но ќе одбие да ја финансира набавката на оружје и муниција.

Заемот треба да покрие две третини од буџетскиот дефицит на Киев за 2027 година, додека војната во Украина продолжува.

„Подготвени сме да се приклучиме“, изјави Радев во четвртокот.

Премиерот првично изрази резерви во врска со начинот на финансирање, со образложение дека Бугарија мора да ги ограничи јавните расходи, кои се под засилена контрола.

Поради ваквиот став, Бугарија беше вброена во иста група со Словачка, Унгарија и Чешка, земји кои целосно се противат на новиот заем.

Слични Објави