| |

Вториот том на истражувањето „Народниот суд во Бугарија 1944–1945 Херои и антихерои“ ќе биде претставен во Пловдив

Вториот том на книгата „Народниот суд во Бугарија 1944–1945. Херои и антихерои“ ќе биде претставен на 9 декември во Регионалниот историски музеј во Пловдив, Бугарија, соопштија организаторите, пренесува БТА.

Според организаторите, изданието е резултат на темелна анализа на стотици архивски документи. Книгата ги следи судбините на над 11.000 Бугари кои биле изведени пред трибуналите на Народниот суд во периодот од 1944 до 1945 година. Посебно внимание им е посветено на различните категории обвинети и на личните приказни на луѓето зад статистичките податоци.

Истражувањето го спровел тим историчари предводен од проф. д-р Мартин Иванов, кој ќе го претстави заедно со проф. д-р Момчил Методиев.

Станува збор за едно од најобемните современи истражувања посветени на Народниот суд во Бугарија. Авторите се потпираат на документарни извори и биографски податоци. Книгата нуди продлабочен увид во судбините на луѓето кои се нашле во виорот на настаните од 1944 и 1945 година, се наведува во соопштението.

Слични Објави