ТУХЕЛ ПРИЗНА ДЕКА ЕДНА ОД НЕГОВИТЕ ЅВЕЗДИ НЕ Е ЗАДОВОЛНА ВО ПСЖ
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел кажа дека Едисон Кавани во моментов не е среќен на „Паркот на принцовите“, па би можел да го напушти францускиот шампион.
Уругваецот за шест сезони во Париз постигна 195 гола и се запиша во историјата, но сега нема најдобар статус, зашто доби мала минутажа, за која заслужни се и повредите.
„Не е среќен, стана нетрпелив, а тоа е нормално. Мора да се бори за да влезе во ритам и да го пронајде своето место во тимот. Кавани е голгетер, еден од најдобрите во клубот. Не е лесно да видите дека тимот игра добро и без вас“, порача Тухел.
За потписот на Кавани во моментов се заинтересирани неколку клубови од МЛС-лигата, како и англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед.
Извор: Спорт1
