Патријарх Кирил: „Без бугарското православие немаше да постои и руското православие“
“Мило ми е што повторно се наоѓам на бугарска земја и се видов со Вас Ваша светост. Мојата посета е по повод еден незаборавен датум за вас. Датум што е многу важен за
нашите цркви и народи – 140 години од ослободувањето на Бугарија од отоманскиот јарем. Херојските настани од времето Руско-турската војна од 1877-78, го покажуваат високиот морал и огромната сила на православната војска, која со векови била образована од Руската Православна Црква. Величествениот крај на оваа војна дојде со слободата и духовниот развој на бугарскиот народ. Руската Православна Црква секогаш ќе се сеќава на Бугарската Православна Црква. Православните мисионери, учениците на Свети Кирил и Методиј, во X век, ги описмениле нашите предци во светата Православна вера. Тие ја отворија ризницата на христијанската култура и мисијата на Светиот Отец за нашите предци. Без бугарското православие немаше да го има и руското православие. Рускиот народ ги доби темелите на Православна вера од Бугарија “, рече рускиот патријарх Кирил.
Поглаварот на Руската Православна Црква, Неговата светост патријарх Кирил се наоѓа на тродневна посета на соседна Бугарија, по повод државниот празник на земјата- 3 март.
