ЗАЕВ: МИЦКОСКИ ПРЕД БОРИСОВ ЈАСНО КАЖА ШТО МИСЛИ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА
Сите јасно слушнавме што мисли Мицкоски за договорот за добрососедство со Бугарија, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, за време на заедничката прес конференција со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Сибил Зутер Техада. Заев, споменувајќи го видеото од средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, во кое Мицкоски, на прашањето од Борисов – дали го поддржува договорот, вели: „ние подджуваме сѐ што е во интерес на двете земји“, рече дека опозицискиот лидер бил доволно јасен, но бидејќи по средбата Мицкоски негираше дека го прифатил договорот, Заев, за прецизни одговори, новинарите ги упати да се обратат лично кај Мицкоски.
Извор: АлсатМ
