СОПРУГАТА НА ПРАТЕНИКОТ ОД СДСМ КОСТАДИН АЦЕВСКИ ГО ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА
Синоќа во 21 часот и 30 минути 37-годишната М.А. го пријавила сопругот К.А. дека се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца.
Како што информираат од МВР полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот. Станува збор за пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ, кој во телефонски разговор за Телма изјавил дека имал брачни расправии со сопругата. но немало поголем инцидент ниту насилство.
