СТОЛТЕНБЕРГ: ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО Е ДОБРО ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави учеството на македонската делегација на денешниот Самит на Алијансата во Лондон и порача дека членството на земјата е позитивен чекор за целиот регион.
Првиот човек на НАТО додаде дека членството на земјата е знак оти вратите на Алијансата остануваат отворени и за други земји во иднина.
Нашата делегација на Самитот на НАТО ја предводеше премиерот Зоран Заев, а во нејзиниот состав беа и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
