НАВИВАЧ НА ЕВЕРТОН НА БИЗАРЕН НАЧИН СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ОДЛОЖИ ДЕРБИТО СО ЛИВЕРПУЛ
Ливерпул го доби големото градско дерби со Евертон со 4-2, но пред дуелот имало навивач, кој сакал на неверојатен начин да го одложи мечот.
„Мирор“ објави дека навивач на Евертон се соблекол угул гол и трчал по коловозот затоа што сакал да го одложи дербито во Ливерпул.
Неговата намера била да направи хаос во сообраќајот и да спречи движење кон „Енфилд“. Секако, реагирала и полицијата, па човекот бил притворен.
Извор: Спорт1

