|

Полицијата нуди 100.000 евра за информации за напаѓачите на телевизијата во Тирана

Албанската полиција понуди награда од 100.000 евра за информација која ќе помогне да се идентификуваат сторителите на нападот на ТВ Топ чанел.

Во нападoт беше убиен вработе во телевизијата.

Во ноќта меѓу неделата и понеделникот непознати напаѓачи пукале од автоматско оружје кон зградата на ТВ Топ чанел, при што загинал 61-годишен чувар. Возилото на сторителите е снимено од безбедносните камери.

По нападот, сторителите се упатиле во Драч, од каде што дошле, а возилото подоцна било пронајдено запалено на автопатот Драч-Рогожина. Во автомобилот биле пронајдени две автоматски пушки. Албанската пошта наведува дека „ренџ ровер спорт“ што го користеле сторителите бил украден во јули 2020 година, во село кај Љеш, од лице од Косово и Метохија, кое било на одмор.



Слични Објави