| |

Д-р Михаела Доцова е новата претседателка на бугарскиот парламент

Д-р Михаела Доцова беше избрана за претседателка на бугарскиот парламент со мнозинство од 188 пратеници. Немаше гласови „против“, додека 49 пратеници беа „воздржани“ – од ПП-ДБ и од „Преродба“, јавува БГНЕС.

За другиот кандидат Петар Петров од „Преродба“ гласаа единствено пратениците од неговата пратеничка група.

„Денес повеќе од кога било Бугарија има потреба не само од стабилно управување, туку и од оздравување на државноста“, изјави Доцова во своето прво обраќање од парламентарната говорница.

Како прва меѓу еднаквите, таа упати повик за враќање кон правната држава и најави дека како претседател ќе го брани достоинството на Народното собрание и квалитетот на законодавниот процес.

Нека 52. Народно собрание биде пример за политички плурализам, дијалог и конструктивност. Искрено верувам дека довербата во демократијата започнува од оваа сала.

Да го обновиме авторитетот на Народното собрание и да ја вратиме довербата дека тука се работи во името на законот и во името на бугарското општество, повика Доцова.

Со среќа на 52. Народно собрание!, заврши новоизбраната претседателка на парламентот.

По своето обраќање, Доцова го зазеде претседателското место во Народното собрание.

Слични Објави