| |

НЕМА ДАТУМ ЗА ЈАВНА СЕДНИЦА ЗА „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“, СЕ ЧЕКА МИСЛЕЊЕТО НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Првостепената пресуда за настаните од 27 април стаса до Вишото јавно обвинителство. Со оваа пресуда судијката Добрила Кацарска досуди вкупно 211 години затвор за 16 обвинети, а обвинетиот Игор Дурловски беше ослободен од кривична одговорност. На оваа пресуда беа поднесени жалби до Апелацискиот суд во Скопје. Од таму информираат дека предметот заедно со поднесените жалби е испратен на мислење до Вишото јавно обвинителство, јавува МКД.мк

Од Вишото јавно обвинителство ни одговорија дека овој предмет е во работа кај надлежен јавен обвинител во ВЈО Скопје и по изготвување на писмен предлог предметот ќе биде вратен на недлежно испитување во Апелацискиот суд во Скопје.

По даденото мислење второстепениот суд ќе закаже јавна седница на која адвокатите и обвинетите ќе треба да ги образложат наводите од жалбите и да појаснат од кои причини бараат да се укине првостепената пресуда која заврши со високи затворски казни за обвинетите.

По одржувањето на јавната седница апелациските судии ќе треба во рок од околу еден месец да донесат одлука дали ќе ја потврдат одлуката на судијката Кацарска, дали ќе ја преиначат или пак, ќе ги прифатат жалбите на обвинетите, ќе ја укинат пресудата и предметот ќе го вратат на повторно судење.

На 15 март годинава одлуката на Кацарска беше следна: Митко Чавков доби 18 години затвор, Душко Лазаров 15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви 15 години, Митко Пешов 15 години затвор, Оливер Поповски 13 години, Мунир Пепиќ 15 години, Абдуљфета Алими 7 години, Оливер Радулов 10 години, Јане Ченто 15 години, Игор Југ 12 години, Александар Василевски-Нинџа 8 години, Никола Митревски-Кољо 15 години, Младен Додевски 12 години, Горанче Ангеловски 12 години, Влатко Трајковски 15 години и Вилијам Михајловски 14 години.

Казните беа изречени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави