|

ОД 1 ЈАНУАРИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ ДОБИЈАТ 10 % ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Над 32 илјади вработени во образованието и науката од 1 јануари ќе добијат повисоки плати за 10 проценти. Спогодбите за тоа беа денеска потпишани во Владата меѓу Самостојниот синдикат на образование наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука.

Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Со ова, како што изјави министеот за образование Арбер Адеми, се подобрува материјалниот статус на вработените во образованието, но најави дека и во следниот период ќе се работи на подобрување на дигнитетот на наставниците и професорите.

Слични Објави