МИЦКОСКИ: ВЕДНАШ ПОСЛЕ ОВИЕ ИЗБОРИ ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ И ПРИМЕНА НА ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ
„Ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш по завршувањето на овие избори, опозицијата и власта, кои и да бидат тогаш, а јас сум убеден дека тогаш владата ќе биде формирана од ВМРО-ДПМНЕ, ќе седнеме и ќе разговараме за промена на изборниот модел и примена на отворените преферинциални листи, за следните локални избори, посебно за листите на советници“-изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев.
Мицкоски одби да го коментира прашањето околу кадровското решение на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи и ги замоли новинарите да почекаат до крајот на консултациите за да биде објавено официјално името на техничкиот министер.

