|

РУСКАТА ОПОЗИЦИЈА НАЈАВИ ГОЛЕМ ПРОТЕСТ НА 29 ФЕВРУАРИ

Руските опозициски партии денеска најавија голем протест на 29 февруари против предлогот на претседателот Владимир Путин за уставни измени, за кои тие веруваат дека го отвораат патот за неговото доживотно владеење.

Опозицискиот политичар Илја Јашин нагласува рече дека предлогот на Путин е потег што може да му овозможи „да владее засекогаш“.

„Тоа ќе биде политички марш со цел да се повика на ротација на власта и да протестира против узурпацијата на власта“, рече Јашин.

Пред два дена, Путин рече дека се спротивставува на доживотниот мандат на претседателот, вообичаен во советската ера, велејќи дека не може да го реши прашањето за преминот на власта и стабилноста во таа земја.

Претходно минатата среда, рускиот претседател во говорот за состојбата на нацијата пред Парламентот рече дека се согласил дека претседателот не треба да има повеќе од два последователни мандата, иако тоа прашање не е од големо значење за него.

Путин предложи амандман на рускиот Устав со кој би се зголемиле овластувањата на Парламентот и Владата, што на Западот се толкуваат како негова намера да премине на ново работно место и да остане на власт по истекот на тековниот мандат од 2024 година.



Слични Објави