| |

КОЛЕВ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ И МИНИСТРИТЕ: ЗОШТО ВИ СЕ ТОЛКАВИ ПЛАТИ КОГА ВЕЛИТЕ ДЕКА СО ПОМАЛКУ ОД 250 ЕВРА СЕ ЖИВЕЕ ДОБРО?

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, преку својот личен профил им постави прашање на пратениците и министрите во врска со нивните месечни примања.

„Се чудам зошто им се на пратениците и министрите по 100-150 000 денари плата и патни трошоци, кога велат дека и со 14 500 се живее добро и дошол животот?“, напиша на својот личен профил првиот човек на ГДУ, Петар Колев.

Потсетуваме дека ГДУ освен промена на изборниот модел, бара намалување на бројот на пратениците во парламентот и на министрите во владата.

Слични Објави