ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ И СЛОБОДОУМНИ ЛУЃЕ

//

Жалосно е тоа што партиските војници се побројни, барем во овој момент, но доколку се активираат и го кренат својот глас слободоумните, тогаш таа разлика ќе се поништи и многу брзо може да се дојде до целосен пресврт. Сепак тоа е мала одлука, но за големи достигнувања и нормално за конечно ослободување од ова „робовладетелство“, кое владее во Македонија 30 години.

Партиските војници или слепите следбеници, чинам и сами сфаќаат дека се влезени во едно профитерско здружение, но гледаат ако можат и тие да искористат и да направат ситен профит. Нели и во најголем случај и самите потврдуваат дека го прават тоа и само со една цел, да не дојде поголемото зло. Што се однесува пак на другата страна иста е перцепцијата во овој поглед. Секако сето тоа исфилувано со некој чуден патриотизам или европски вредности, кои и самите не ги разбираат, но продолжуваат да ги прават. Искрено во целото тоа црнило ме радува фактот дека се повеќе луѓе ја сфаќаат тежината на работата и ја тргаат завесата од пред очи, бидејќи и самите се свесни кое зло им се нанесува на идните генерации.

Се повеќе слободоумни личности се одлучуваат да проговорат и да придонесат колку- толку да се внесе светлина во оваа наша мила Македонија, но целиот тој процес е отежнат од партиските профитери. Зошто го кажувам тоа? Епа просто и едноставно е! Кога некој ќе проговори гласно по автоматизам се оцрнува со некоја приказна смислена во Белата палата или на Бихачка или пак некое црно сценарио, се со цел само да се оцрни и дескредитира личноста која се труди да мисли со своја глава.

За ги поедноставам работите ќе ви дадам два примери. Првиот е за „патриотите“ (ДПМНЕ), ако се сеќавате на бомбите кои ги лансираше лицето З.З. Тогаш браќата од ДПМНЕ ги дескредитираа и остро ги отфрлаа, нели беа наменети за нивните идоли, а пак кога излегоа снимени разговори и афери за СДСМ тогаш осудуваат, бараат бесилки итн.
Вториот пример е за браќата од СДСМ, ако се сеќавате на истите бомби каде Писателот од Будимпешта преговараше за промена на името, е тогаш бевте гласни и осудувавте, но кога дојде лицето З.З на власт го промени и Уставот и името и ја направи двојазична Македонија, според вас тоа се европски вредности. Тоа се профитерски вредности на партиски војници! Тоа се вика партиски војник и слеп следбеник! Тоа е вистината колку и да не ви се допаѓа.

И за крај да разјасниме, има доволно слободоумни луѓе, но се плашат да излезат од комфорната зона и да зборуваат гласно, бидејќи да војуваш со овие партиски војници е тешко и напорно, но што се мора- се мора. Време е да внесеме светлина во ова црнило и да почнеме да си го браниме сопствениот дом. Доста беше од КУРТО И МУРТО и доста е од ПРОФИТЕРСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ.
Време е за промени и за подобро утре!



П.С. Колку е само навредувачки кога симпатизер на СДСМ и ДПМНЕ ќе ти пристапи и ќе ти каже е сега ќе биде подобро. 30 години на власт се СДСМ-ДПМНЕ наизменично и што ни донесе тоа? Последни во Еврипа сме во секој поглед, последни сме на Балканот. Србија имаше неколку војни и пак е пред нас, Косово вчера се создаде и пак е пред нас и најинтересно од сѐ замислете на една Бугарија која многумина „патриоти“ на батерии ја исмејуваат дека немале пари за шеќер и не знаеле што е кафе, Е ТИЕ СЕ ЕДНО 100 ГОДИНИ ПРЕД НАС. Е тоа е дело на СДСМ и ДПМНЕ кои владеат цели 30 години и не направија ништо добро, а вие продолжете да верувате во црни бајки и розев свет кои произлегуваат само од вашите партиски штабови.

Автор: Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ-Охрид



Претходна статија

СРЕДБА НА СПАСОВСКИ СО ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА ТИГАЊ: СИЛНА ПОДДРШКА ОД ХРВАТСКА ЗА НАТО И ЕУ

Следна статија

КОЛЕВ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ И МИНИСТРИТЕ: ЗОШТО ВИ СЕ ТОЛКАВИ ПЛАТИ КОГА ВЕЛИТЕ ДЕКА СО ПОМАЛКУ ОД 250 ЕВРА СЕ ЖИВЕЕ ДОБРО?

Најново од Истакнато