ДАНОКОТ ОД ВЛАДЕЕЊЕТО НА СДСМ

/

Петрe и Ристе се македонски граѓани, при што Петре е компјутерџија, а Ристе е син на транзициски бизнисмен, кој на тацна добил државна фирма со огромен имот, по партиска заслуга, во времето на нечесната приватизација. Првиот, бел ден не видел додека се школувал 6-7 години по факултети, обуки и специјализациии и сега макотрпно работи за плата од 2.000 евра. Вториот, дреме по кафеани, лумпува по журки и беснее со скапи автомобили, трошејќи по 500 евра дневно, а е „пријавен“ и плаќа данок за минималец.

Владата минатата година, под превезот на борбата за „правичност и рамноправност“ со Прогресивниот данок, на компјутерџијата Петре му го качи данокот на платата, „заради тоа што е богаташ“! А другиот го остави да се „мачи“. И Петре, виде колку е саатот и реши да се евакуира од Македонија!

Речиси 8 години мерката „Прогресивен данок“, на СДСМ им беше главен адут во економската програма, на три избори го верглаа како главна визија со која ќе донесат арно за граѓаните. И ете го воведоа… ама и за помалку од една година го замрзнаа. Увидоа дека немале поим и дека предизвикаа контраефект. И не се ни извинија за тоа, туку сопствената грешка, недоизработената економска мерка, нефункционалната даночна реформа, ја прикажаа како победа – демек брзо реагираат.

Веќе еден месец, повторно на сила е стариот „рамен данок“, но компјутерџијата Петре не се врати дома. Не се вратија ниту компаниите што „заминаа во друг даночен систем кој им нуди подобар даночен третман или услови“, како што изјави министерката за финансии при замрзнувањето на Законот. И компаниите што планираа да инвестираат во Македонија ги нема – несигурни се за бизнисот, едноставно не заобиколуваат. Не сакаат да инвестираат во држава, која наместо да ги стави во ред, трошаџиите на јавните пари и да овозможи олеснувања во работењето и привлечен амбиент за инвеститорите, нуди несигурност, каде што економските закони се штанцаат од теоретичари, без да се консултира бизнисот!

Додека целиот свет го прифаќа рамниот данок, нашите „стручњаци“ во Влада не оптоварија со нео-комунистичко, дискриминаторско оданочување. Тоа за бизнисот не е ништо друго, туку казнување на успешноста. Власта директно им порача на своите граѓани: немојте да размислувате да бидете успешни, ќе ве оданочиме со поголем процент.

Со прогресивниот данок, за жал, не беше оданочен капиталот, туку трудот. Тука е големата грешката!



Министерката за финансии ја прикажа актуелната штета по македонскиот буџет од овој Закон, но штетата е многу поголема и таа ќе ја чувствуваме и во иднина. Петре се уште не е вратен, а нема ни да се врати, компаниите заминаа, тие што требаше да дојдат, не одминаа.

За другите даноци што ги плати Македонија од владеењето на СДСМ, во некоја друга прилика.

Автор: Никола Тасев, стопанственик/ Скопско ехо



Претходна статија

СИНДРОМОТ „АНТЕ МАРКОВИЌ” ИЛИ ШТО ПО ТОА?!

Следна статија

МАКЕДОНСКАТА ALIEXPRESS ВЕРЗИЈА НА ДИНКО ОД БУГАРИЈА

Најново од Колумни