| |

Помирување по македонистички терк

Пишува: Агент „Тутунар“

Некаде кон средината на деведесетите години Македонија беше изненадена од отворената полемика на тогашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски со дел од историско политичката пројугословенска елита на земјата. Полемиката, де факто беше одговор на Георгиевски кон оние кои го обвинуваа за бугарофилство, злонемерно наречувано “бугароманија“ или “бугараштво“, а беше реакција на неговите ставови за потребата од национално помирување, внатре во македонскиот корпус на населението во државата. Текстот беше насловен како “КОЈ СО КОГО ЌЕ СЕ ПОМИРУВА“ и во него на еден чудесен начин беа изложени позициите на тогаш младиот лидер на опозицијата. Беа посочени речи си сите имиња на тогаш тврдокорните југословени во македонската политика и историографија, а текстот беше упатен поименично до академикот и познатиот национален конвертит д-р Иван Катарџиев.

Текстот на оваа мини студија е антологиски по своето значение и по темите кои ги отвора. Многубројните посочени имиња и институции во него се само показ кон виновниците за носителите на антибугарската кампања низ Македонија од 1944 година, па се до мометот на излегувањето на текстот. Од друга страна пак, по своите последици и по произведениот ефект, тој е сосема беззначаен, со оглед на фактот што од бугарската страна немаше кој да го “прифати и лансира“…бугарското општество, во тој период, тоа не беше подготвено за такви дејствија, а подоцнежното владеење на Георги Прванов беше доплнителна трагедија за етничките бугари вон границите на Бугарија. Не поминаа подобро ни оние во самата држава, ама тие си го гласаа…

Реакцијата дојде набрзо и точно онака како што гласи поговорката дека “каменот паѓа одблизу“. Младинската организација на ДПМНЕ, поттикната од еден стар, сега веќе починат академик, познат по своите антибугарски ставови, го отпечати одговорот во нивното гласило “Глас на ВМРО“ насловен како “ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ…“, каде со невидена иронија, еден млад автор на текстот, со познато марксистичко име, со подбивен тон се справува со “бугарофилството“ во редовите на сопствената партија, со својот лидер, но и на целиот македонски народ. “Сукобот на десницата“ заврши елегантно…Георгиевски победи на изборите, сите му пријдоа да му “бакнат рака“ и да добијат функција. Сепак, инцидентот тлееше како “змија во сенарник“, чекајќи да дојде времето за новото каснување. Георгиевски, во стил на демократски современ лидер, не реагираше…се правеше дека сето тоа поминало. Потоа дојде “албанската војна“. Неоствареното помирување, војната и млаката реакција на Георгиевски ја насочија неговата кариера кон перифериите на македонската политика од кои и до денешен ден не може да се помести, а младите од “Чакам те да дојдеш…“, се вклопија во “новиот свет“ на Никола Груевски…опстојуваат до денешен ден! Сентиментот кон југословенството и импресивноста од насилствената власт, прво на Милошевиќ, а сега на Вучиќ ги импресионираат до денешен ден, а маргиналноста на Георгиевски останува зацементирана, не со неговото “бугараштво“, туку со неуспешниот опит за национално помирување…лидерот погрешно ги проценил, и своите поданици и својот народ!

Некаде истовремено, поточно летото 1994 година сличен опит направи и лидерот на Македонската патриотическа организација, Иван Лебамов. На сопствена иницијатива презеде турнија низ Балканот. Во Грција ги посети гробовите на своите предци во Вишени и Блаца Б’лгарска, речи си сите загинати за време на Востанието 1903 година, а во Бугарија беше примен со сите почести од претседателот Жељу Желев. Во Македонија побара прием кај Глигоров, за да му ја честита независноста на Македонија и да ги понуди политичките ресурси на МПО на новата држава, како помош за нејзиното европско и американско етаблирање во светот на демократијата. “Стариот лисец“ Глигоров, по неколкудневно чекање и покрај залагањето на повеќе личности од македонската сцена, одби да го прими…знаеше дека ќе треба да одговори за сопствените видувања за правата на бугарите во Македонија.

Овие два настани и овие две личности се показателот дека “бугарското прашање“ во Македонија не може да се реши на цивилизиран начин и дека ќе биде неопходна асистенција на пошироката меѓународна јавност. Така и стана…изгубените илузии, донесоа меѓународна интервенција!

Со “Францускиот предлог“ навистина се отвораат вратите на земјата кон ЕС, ама со видоизменета слика за сопствената нација, држава, јазик и историја. Тука ништо не може да се направи, Македонија е должна да ги имплементира позициите од францускиот предлог и да отпочне постапка за влез во Унијата. На маргините на Брисел и Стразбур се говори дека земјата нема право “ниту да ги одбие насоките на ЕУ“, ниту пак на било каков начин да “се откаже од влезот во Унијата“…работата е двојно врзана. Затоа, тежиштето на борбата се пренесува во странство. Поуката од неуспехот на мисијата за помирување на Георгиевски, пропаста и демисионирањето на Иван Лебамов веќе во 1995 година од раководната позиција на МПО, даде поттик на југомакедонскиот национализам, неказнето да се проширува вон границите на земјата, непречуван од никакви обрски од сега актуелниот “францускиот предлог“.

Важо е да се напомене дека тука црквата веќе не може да има никакво влијание. Во денот кога ќе биде доделен Томосот за афтокефалија на МПЦ ОА, епархиите вон границите на земјата (во Европа, Америка и Австралија), припаѓаат на Васеленската патријаршија и само прашање на години е кога таму ќе почне да се служи на грчки јазик. Тоа се загубени епархии, како што и Екзархијта ги загуби своите во Егејот и Тракија. Тоа е цената на поразот.

Затоа, основната цел на македонистичките политики е “нападот и освојувањето“ на најважната организација на бугарите во светот-МПО, Македонската патриотическа организација во САД и Канада. Традиционално, тоа е најсилната организација на американскиот континент, со бројни врски низ американските институции, но со малубројно членство, кое веќе е четврта или петта генерација родени во Америка и кое го загубило споменот за својот јазик и етникум…затоа и се лесни за манипулирање. За нив таму зборовите македонец и бугарин се синоним на една иста суштина, па ако таму се инфилтрира идејата за помирување, тоа ќе биде победа на македонизмот. Затоа и неколку важни членови на МПО, меѓу кои Крис Иванов и Ник Стефанов, беа во полутајна мисија низ македонските пространства, за да ја согледаат ситуацијата…тие не разбраа дека се најмени за антибугарска дејност и дека бројноста на македонците од новата емиграција кај нив, навистина ќе значи и повеќе приходи од членарини, но ќе ја означи и тивката смрт на МПО и неговите бугарски етнички и културолошки традиции…тоа ќе биде крајот на МПО!

Импресивни се Конвенциите на МПО. Обично се држат во елитни хотели низ Америка, поканети се бројни конгресмени и сенатори, а во салата се влегува низ изложбена просторија каде се фотографиите на Христо Татарчев, Даме Груев и дејците на Илинден, но и фотографии на Иван Михајлов, Кирил Дрангов, Борис Дрангов, Владо Черноземски, Јордан Чкатров и Димитар Чкатров, и други дејци од “михајловостичката ВМРО“. Како македонистичката емиграција ќе се помири со нив, дали тие фотографии ќе бидат исфрлени, па на нивно место ќе се стават фотографиите на Киро Глигоров, Лазо Колишевски, Јосип Броз Тито (нели, Тито ни ја даде државата и нацијата!) и други комунистички дејци, осудени од историјата и европските институции.

МПО е навистина американска, најамериканската организација на бугарите таму. Таа има свои херои паднати во борбите во Втората светска војна за слободата низ боиштата на Корејџидор, Батан, Иво Џима, Монте Касино и на други места. Паднатите во борбите македонски бугари ги имаат и своите споменици на воените гробишта во Арлингтон. Но, МПО нема право да ја менува својата етничка структура, без да се разрешат виталните национални и правни спорови меѓу Мкд и Бг, вклучително и резултатите од работата на Мешовитата историска комисија. Тие резултати ќе бидат основата врз која МПО ќе може да решава за етникумот на нејзините членови.

Бугарскиот идентитет на МПО беше “стапицата“ во која паднаа македонските патриоти по 1944 година и завршија низ лагерите на тираните Тито и Лазо. Од МПО дуваа ветровите за можната политичка и национална слобода. Треба да се погледаат материјалите во Прилепскиот Архив (Фонд: Харалампи Перев) за да се види трагедијата на осудените на затворски казни само затоа што го читале весникот на МПО “Македонска трибуна“ и слушале “Глас на Америка“, па меѓу себе тоа и го коментирале. Тоа се “солзите“ на бугарскиот народ во Македонија…

Денес МПО нема право да се извлече од сопствената “бугарска стапица“…крвта на паднатите тоа нема да им го дозволи. Историјата со Љубчо Георгиевски и понижувањата кои ги доживеа Иван Лебамов, треба да не поучат дека не треба да се дозволи помирување по македонистички терк! Македонските бугари веќе не се согласни за помирување, тие бараат бугарската држава да ги доразчисти политичките налози за македонска идентичност и да преземе соодветни дејствија, како кон македонската држава, така и во органите на ЕС.

Президентот на Бугарија Радев, но и актуелната министерка за надворешни работи Марија Габриел, исто како и нејзината претходничка Захариева, добро ја знаат ситуацијата со состојбите на македонскиот етникум вон границите на Бугарија…време е за дејствие! Ерата на Прванов ја оставаме на времето и спомените на оние кои ќе треба да го кажат тоа за историјата!



Слични Објави