ЈУЖНА КОРЕЈА ИЗДВОЈУВА 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ
Владата на Република Кореја донесе одлука да издвои 5 милиони долари на Кина, како помош за да се запре ширењето на новиот коронавирус, соопшти ТАСС.
Сеул ќе обезбеди средства за лична заштита и производи за хигиена, вклучително и 2 милиони медицински маски, во врска со ширењето на новиот вид пневмонија. Покрај тоа, властите на Јужна Кореја ја објавија својата намера да помогнат и со 100.000 заштитни костуми и очила.

