ПРОДОЛЖУВА „РЕКЕТ“, ЈАВНОСТА „ВЛЕЗЕ“ ВО ПЛАКАРОТ НА БОКИ 13, НА РЕД Е ДОМОТ НА ЈАНЕВА
Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за случајот „Рекет“, во кој обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски.
На денешното рочиште е предвидено да се прзентираат материјални докази, обезбедени од страна на обвинителството.
Целокупната брендирана облека на Боки 13 била спакувана во 71 црна вреќа и со камион од домот на обвинетиот била однесена во Агенцијата за управување со привремено одземен имот.
Јовановски бараше целата облека, парче по парче, да се донесе во судница.
