Што содржи нацрт спогодбата што Коѕијас ќе ја донесе во Скопје?
Грчката нацрт- спогодба, содржи околу 55 параграфи сместени на 20 страници со сите отворени прашања меѓу Македонија и Грција соопшти грчкото радио „Атина984“.
Нацрт предлогот е подготвен од грчкото МНР, опширно разгледан меѓу премиерот Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, а ги содржи точките што ги најави и самиот шеф на грчката дипломатија.
Во однос на имињата што се вклучени, радиото во текстот коментира дека Горна Македонија, е „фаворит“ за Атина, но без превод, „нешто што многу тешко ќе биде прифатено од другата страна“. Грција ќе бара и промена на Уставот на Република Македонија.
Патувањето на шефот на грчката дипломатија во Македонија, со лет директно од Атина за Скопје, веројатно ќе биде на 22 март, а радиото „Атина 984“ коментира дека тогаш одново ќе започнат критичните разговори за решавање на разликите околу името.
