АЛИЈАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ НЕМА ДА ПОДДРЖИ ЗАКОН ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО ВО КОЈ ИМА АМНЕСТИЈА
Пратениците на Алијансата за Албанците нема да гласаат за предложениот Закон за обвинителство, бидејќи пристигнатата верзија на законот во парламентот не е иста со договорената, вели пратеникот Сурија Рушити, објави Сител.
„Вистина е дека Алијансата на Албанците имаше свои забелешки на драфт верзијата на Законот за обвинителство и голем дел од нив беа прифатени од министерката Дескоска. Но она што стигна во Парламентот не е истиот предлог закон. Во членот 110 се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме Закон за јавно обвинителство кој овозможува амнестија“, вели Рушити.

