ЕБОР ОБЕЗБЕДИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ПРИВАТНИ ОБЈЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Два милиони евра обезбеди Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за инвестиции во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за згради во приватна сопственост и објекти за домување во земјава.
Средствата ќе бидат достапни преку Шпаркасе банка, а наменети се за физички лица кои планираат да инвестираат во технологии, материјали и решенија за подобрување на енергетската ефикасност.
Финансирањето на ЕБОР е преку Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF).
„Зградите во Македонија имаат итна потреба од реновирање и поставување изолација, со што се очекува да се намалат трошоците и да се подобри удобноста на живеење. Ова е трета кредитна линија преку GEFF за Шпаркасе Банка Македонија, со која се задоволува растечката побарувачка за овој финансиски продукт“, стои во соопштението од ЕБОР.

