ТРАМП ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО САД ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТ
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на прес-конференција Белата куќа прогласи вонредна состојба во земјата поради ширењето на новиот коронавирус во земјата.
Во своето обраќање тој истакна дека ќе распредели 50 милијарди долари за борба против вирусот и запирање на неговото ширење.
„За да се реализира целата сила на федералната Влада, официјално објавувам вонредна состојба во земјата. Преземам мерки кои ќе отворат пат кон 50 милијарди долари, многу важна и голема сум за државите и териториите, или населените места, во нашата борба против оваа болест, истакна Трамп.
