| |

ГДУ-КАВАДАРЦИ: ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ДОДЕКА ТРААТ МЕРКИТЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

„Со оглед настанатата ситуација и мерките кои се преземени од владата за корона вирусот, ГДУ- Кавадарци препорачува да се почитуваат тие мерки а имено за да се заштитиме самите себеси а и нашите најблиски.

На 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија беа донесени дополнителни мерки и заклучоци од која под број 8 цитираме:

„Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.
Овој заклучок се однесува и на самохраните родители.“

ГДУ- Кавадарци ја поддржува оваа мерка на Владата и предлага уште една нова. Да се ослободат приватните фирми од плаќање на придонеси на вработените кои мораат да бидат дома во периодот додека траат овие мерки. Овој предлог е со цел да се помогне и на чинителите во приватниот бизнис“, се вели во соопштението на ГДУ-Кавадарци.

Слични Објави