УКРАДЕН ИНВЕНТАР ОД КАФУЛЕ ВО ВЕЛЕС ВО ИНТЕРВАЛОТ ПРЕПОРАЧАН ОД ВЛАДАТА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ
Во Велес во периодот од 18 часот вчера до 09.30 часот денеска од тераса на кафуле на ул.„Благој Ѓорев“ биле украдени два двоседа и три клуб масички, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес
Посочи дека бил извршен увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.
Кражбата се случила во временски интервал по 18 часот, а на вториот ден откако Владата донесе одлука за скратено работно време на кафетериите и рестораните до 18 часот, во рамки на дополнителните мерки за заштита од коронавирусот.
